Официјално: Паредес повторно е играч на Рома

Аргентинскиот интернационалец Леандро Паредес, одново е играч на Рома, откако италијанскиот тим го откупи од ПСЖ за 4 милиони евра. „Волчицата“ утрово и официјално го објави трансферот.

Светскиот шампион од Катар го почнува својот втор „мандат“ на „Олимпико“. Пред девет години првпат играше за Рома.

Договорот на Паредес е до летото 2025 година. Во меѓувреме играше за Киево, Емполи и Јувентус. Интерес имаше и од Галатасарај, но на крајот се одлучи да се врати во римскиот клуб.

Се вчитува...