Македонските одбојкари ги финишираат подготовките пред премиерното европско машко сениорско првенство во историјата на независна Македонија.
Од 30. август до 6. септември во арената “Борис Трајковски во Скопје, во групата Ц на 33-от континентален собир, против Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка, црвено-жолтите ќе играат за да ја однесат македонската химна во Италија – земјата на актуелниот светски и европски првак.
Македонија и официјално ги промовираше дресовите на националниот тим за престојниот европски шампионат во Скопје. Претходно, финалните подготовки на репрезентацијата ќе бидат преку 47-то издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка” на кое од петок до недела, во салата “Борис Трајковски” во Скопје ќе гостуваат Египет, Јапонија и Грција, а интерконтиненталниот карактер на турнирот македонските одбојкари ќе го искористат за подготовка за Европското првенство.
Од одбојкарската федерација повикуваат на што поголема поддршка за македонските одбојкари на настанот од највисок ранг во нашата спортска историја.
Билетите може да се купат онлајн на следниот ЛИНК, или во продажните места на МК Тикетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА