Шафик Кагиму, играч од средниот ред и репрезентативец на Уганда е нов фудбалер на Работнички. Фудбалерот игра на повеќе позиции во средината на теренот, а за селекцијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.
Тој доаѓа од тимот на Гор Махиа од Кенија, а настапувал и во УРА во Уганда. Кагими треба да ја зголеми конкуренцијата во средината на теренот на „романтичарите“.
Се очекува играчот да дебитира на натпреварот против Македонија ЃП кој се игра на 20. август на „Борис Трајковски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

