Лацио е на добар пат да го реши голманското прашање со потпис на договор со Хуго Лорис, откако римскиот клуб влезе во завршна фаза од преговорите за ангажман на 36-годишниот француски голман.
Позитивно за „лацијалите“ е што Лорис е слободен играч по истекот на договорот со Тотенхем, па ќе може без никаква отштета да се пресели ан „Олимпико“. Начелно е договорена платата што францускиот ветеран би ја добивал во Рим, а останува само да се утврдат деталите околу условите со кои би била активирана и втората година од соработката меѓу двете страни (договорот ќе биде на 1+1 сезона).
Маурицио Сари конечно ги добива засилувањата што сака да ги види во своите редови, откако римскиот клуб успеа да ги догвоори и Николо Ровела и Лука Пелегрини, кои ќе пристигнат од Јувентус за вкупно 21 милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА