Нејмар му прави нова џиновска услуга на ПСЖ?

Нејмар си замина од ПСЖ и се пресели во Ал Хилал во трансфер вреден 100 милиони евра, а бразилската суперѕвезда е на добар пат да направи нова џиновска услуга на својот поранешен клуб.

Имено, Бразилецот прави се што е во негова моќ за да го убеди Марко Верати да му се приклучи во Ал Хилал, опција од која добро ќе заработат и „светците“ од Париз. Верати се најде на листата на отпишани фудбалери на францускиот шампион, тој сака да остане во Европа, но проблем е што ниту еден од заинтересираните клубови не е подготвен да плати повеќе од 20 милиони евра.

Од друга страна, Ал Хилал веќе понуди 45 милиони евра за одличниот плејмејкер, ПСЖ бара 50 милиони, но се очекува клубовите експресно да најдат заеднички јазик ако Верати ги договори личните услови. Тука на сцена се очекува да стапи Нејмар, кој со денови лобира за Италијанецот да ги следи неговите стапки и да му биде соиграч и во Ал Хилал, откако со години ја делеа соблекувалната во ПСЖ.

Недостигот на квалитетни понуди од Европа би можел да му помогне на Нејмар во остварувањето на мисијата, па Верати наскоро да ги спакува куферите за дестинација – Саудиска Арабија.

Се вчитува...