Фати сака да си замине, но нема понуди

Ансу Фати требаше да биде новата „каталонска фудбалска бајка“, откако напаѓачот кој е продукт на младинската школа на Барселона се покажа како големо разочарување во последните неколку години.

Тој дури имаше и храброст самиот да ја побара „десетката“ на Лео Меси веднаш по заминувањето на Аргентинецот, но младиот Фати никогаш не ги оправда комплиментите од оние кои во него гледаа наследник на аргентинскиот генијалец. Крилниот офанзивец не се снајде најдобро во тактичките замисли на Чави, последните шест месеци ги мина обидувајќи се да се наметне за поголема минутажа, но веќе и на самиот Фати му стана јасно дека каталонците не сметаат сериозно на него и самиот побара да биде продаден.

Проблемот е во тоа што на петнаесет дена до крајот на преодниот рок Барса нема никаква понуда на маса за младиот офанзивец. Опцијата на размена со Вулверхемптон за Рубен Невеш пропадна бидејќи Фати не сака да оди во така неамбициозен клуб, додека Атлетико ја отфрли можноста за размена за Жоао Феликс.

Каталонците сакаат да го продадат Ансу Фати за да обезбедат буџет за нов офанзивец, кој ќе биде неопходен откако беше продаден и Дембеле, но останува да се види дали пред крајот на преодниот рок ќе добијат понуда каква што очекуваат.

Се вчитува...