Лионел Меси игра во неверојатна форма од самиот почеток на американската авантура, постигнувајќи девет гола на првите шест одиграни натпревари во дресот на Интер Мајами.
Аргентинецот е незапирлив за ривалите, а со фантастичниот гол против Филаделфија го одведе својот тим до големото финале на „Купот на лигите“, каде се натпреваруваат екипи од северноамериканскиот континент. Интер Мајами в сабота во големото финале ќе ги одмери силите со мексикански Монтереј, одлична можност за Лео Меси со триумф да стигне до неверојатниот рекорд што досега беше сопственост само на Дани Алвеш.
Имено, Бразилецот важи за најтрофеен играч во историјата на фудбалот со вкупно 44 освоени пехари. Меси досега има 43 (35 од нив со Барселона, три со ПСЖ и пет со селекцијата на Аргентина) и има можност веќе викендов да го израмни рекордот на Дани Алвеш. Доколку успее во тоа, Аргентинецот ќе биде блиску и до апсолутно владеење во оваа категорија, ако се знае дека веќе го одведе Интер Мајами до полуфиналето на Купот на САД, каде Интер Мајами ќе се сретне со Синсинати и важи за голем фаворит за место во финалето.
Нема дилема, Меси и од другата страна на Атлантикот продолжува да воодушевува на теренот и да испишува нови страници во фудбалската историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

