Секоја чест, Санти Казорла: Се врати „дома“, ќе игра за минималец, а парите ќе одат за најмладите (видео)

Санти Казорла ја покажа својата човечка големина откако шпанскиот ветеран на 38-годишна возраст се врати назад во Шпанија, и тоа во клубот Овиедо каде што ја почна својата кариера.

Овиедо моментно се натпреварува во втората шпанска лига, но Казорла не заборави дека фудбалскиот пат го почна токму од овој клуб, каде ја мина младинската академија пред да почне професионална кариера во Вилјареал.

„Ветив дека еден ден ќе се вратам и сега тоа се исполнува, конечно ќе го облечам дресот на првиот тим на Овиедо“, изјави Казорла по потписот на договорот.

Тој имаше понуда да остане во Катар, каде со успех ги бранеше боите на Ал Сад, но одлучи пред крајот на кариерата да го исполни ветувањето дадено пред повеќе од 20 години.

Преговори за платата воопшто не беа водени, Казорла се согласи на минимумот одреден од Ла Лига за второлигашки фудбалер, а неверојатен е неговиот гест – да отстапи 100% од имиџ-правата на клубот за да биде остварен профит за клубот наскоро да се бори за влез во првата лига. Единствениот услов што го имал беше – десет проценти од приходите од продадените дресови со негово име да бидат инвестирани во младинската академија на Овиедо, во која тој ги направи првите фудбалски чекори.

Се вчитува...