Белгискиот фудбалер Шарл Де Кетеларе кариерата ќе ја продолжи во Аталанта, потврди италијанскиот клуб.
Во Аталанта пристигнува од Милан на едногодишна позајмица. Како што е најавено, Аталанта на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот на младиот Белгиец за 22 милиони евра.
Де Кетеларе пред една година пристигна во Милан од Клуб Бриж во трансфер вреден 35 милиони евра. Белгиецот минатата сезона одигра 40 натпревари за Милан во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА