Англискиот великан Манчестер Јунајтед е блиску до донесување одлука дали Мејсон Гринвуд ќе ја продолжи кариерата во клубот.
Одлуката ќе дојде шест месеци по отфрлањето на кривичната пријава против него за напад и обид за силување. Јунајтед го суспендираше 21-годишниот Гринвуд на 28. февруари 2022 година поради наводи за напад и обид за силување.
Обвинителството во февруари објави дека случајот против Гринвуд е суспендиран. Тој остана суспендиран од Јунајтед и беше спроведена внатрешна истрага.
„Истрагата е завршена и ние сме во завршна фаза на донесување одлука за иднината на Мејсон. Спротивно на медиумските шпекулации, таа одлука се уште не е донесена и во моментов е предмет на интензивно внатрешно разгледување. Ова беше тежок случај. Ве молиме за трпение додека работиме низ последните фази на овој внимателно управуван процес“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА