Гвардиол: Не можев да замислам подобар почеток во Сити

Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол го освои својот прв трофеј во својот нов клуб Манчестер Сити.
Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севилја со 5-4 по изведување пенали, откако по 90 минути наптреварот заврши 1-1.

Јошко Гвардиол ги одигра сите 90 минути за Сити, а Би-би-си го прогласи и за најдобар играч на натпреварот.

„Се чувствувам фантастично. Не можев да замислам подобар почеток. Ова беше мојот прв натпревар на кој играв од првата минута и веднаш го освоив трофејот. Се надевам, првиот од многуте. Треба да се запомни дека не можете да се борите за овој трофеј секој ден. Имавме можност и ја искористивме. Заслужено победивме и можеме да славиме. Нашиот голман ни олесни со своите одбрани, среќен сум бидејќи го имам зад мене. Секој од нашите играчи има квалитет и верба во себе. Треба само да се концентрираме на лигата. Во сабота имаме уште еден натпревар против Њукасл, нема да биде лесно, но играме дома и ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи“, изјави Гвардиол.

Се вчитува...