ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Само Сер Алекс остана пред Пеп Гвардиола

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола синоќа го освои 36. трофеј во кариерата. Неговиот Манчестер Сити го освои Суперкупот на Европа откако славеше над Севилја по подоброто изведување пенали со 5-4, откако по 90 минути беше 1-1.

Гвардиола на вечната листа го престигна Мирчеа Луческу кој остана на броката од 35 трофеи. Пред Пеп сега е само пензионираниот Сер Алекс Фергусон, кој освои 49 титули во кариерата.

Ова беше четврти европски Суперкуп за Гвардиола, откако освои два со Барселона и еден со Баерн Минхен. Толку има и Карло Анчелоти, кој по два пати го освојуваше овој трофеј со Милан и Реал Мадрид.

Се вчитува...