Во пресрет на официјалниот старт на подготовките за новата сезона закажан за следната недела, тренерот на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов го дефинира распоредот на подготвителни натпревари преку кои плаво-белите момци ќе ја брусат формата за одбрана на двојната домашна круна за нападот на врвот од АБА2.
Договорени се пет пресметки, кои МЗТ ги почнува со гостување кај традиционално силниот грчки тим Арис, а завршува со двомеч во „Јане Сандански“ против бугарски Рилски спортист. Помеѓу овие три средба ќе одигра уште два натпревари исто така на домашен терен против косовскиот состав Пеја и македонскиот Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА