Барселона тргна со реми против Хетафе во новата сезона, а тренерот Чави веќе се соочува со нов сериозен проблем поради повредата на стандарден првотимец. Станува збор за најдобриот дефанзивец во тимот, Уругваецот Роналд Араухо, кој се пожали на болка во мускулот на премиерата од сезоната и сега ќе мора да мине извесен период надвор од терените.
Каталонскиот гигант преку клупско соопштение потврди дека тој има истегнување на мускулот, не наведувајќи за колкава точно пауза ќе стане збор. Сепак, медиумите најавуваат отсуство од најмалку дваесетина дена, што би значело дека Араухо не само што ќе го пропушти првиот домашен меч со Кадиз, туку и наредните два дуели, гостувањата против Вилјареал и Осасуна.
Само за потсетување, Барселона за претстојниот дуел со Кадиз нема да може да смета ниту на Рафиња, кој е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон добиен во првото коло против Хетафе. Идентична санкција доби и тренерот Чави, поради жестокиот конфликт со судиите на истиот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

