Челси вообичаено ги добива фудбалерите што ги сака на пазарот, но тоа дефинитивно не беше случај со Михаел Олис, младинскиот репрезентативец на Франција кој го одби Маурицио Покетино и реши да остане во Кристал Палас.
„Сините“ еуфорично ги прославуваат триумфот над Ливепрул во трката по Каиседо, уште повеќе откако на „црвените“ пред носот им го украдоа и Лавија од Саутемптон, а се очекуваше со Олис да биде заокружено триото на засилувања за средниот ред за месец август. Французинот имаше клаузула во договорот со Палас што се активираше за 35 милиони фунти, сума што Челси беше подготвен да ја плати, па се очекуваше веднаш по Лавија да биде комплетиран и трансферот на Олис.
Токму затоа, денеска англиската јавност беше изненадена откако претседателот на Кристал Палас, Стив Периш, на својот инстаграм профил објави дека потпишал нов четиригодишен договор со Олис.
„Апсолутно сум пресреќен што Михаел Олис реши да се посвети на нашиот клуб и попладнево потпиша нов четиригодишен договор со нас“, објави Периш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА