Грците во потрага по водачот на „БББ“, по потекло од БиХ, кој е во бегство

Грчката полиција ги добила првите резултати од анализата на телефоните и ГПС-сигналите на уапсените хрватски хулигани. Според нив е утрвден водачот на групата на „Бед-блу-бојс“ која со точно прецизирана намера за пресметка со навивачите на АЕК, вооружана со ножеви и палки, и по однапред договорена рута пристигнала во Атина.

Грчките медиуми пренесуваат дека е активна потрага по тој водач, кој бил по потекло од БиХ, кој заедно со уште десет лица, по сите немири во Атина, успеал да побегне и се уште не се пронајдени.

Властите во Грција не знаат дали се уште е во Атина или некако успеал да избега од земјата. Неговите податоци се познати, и наскоро ќе биде објавена и меѓународна потерница.

Во меѓувреме, адвокатот на хрватските навивачи кои се во притвор, Димитриос Зорбас вели дека се уште не се пристигнати ДНК резултатите како би се утврдило дали некој од уапсените е поврзан со убиството на навивачот на АЕК.

Се вчитува...