Како дел од промените кои сезонава се случија во РК Вардар 1961 заложбите на клубот се и ангажирање на млади и талентирани ракометари, поради што ангажиран е 16-годишниот голман Дамјан Стојковски.
Стојковски потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим. Тој е веќе со тимот на Вардар на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент. Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде позитивни коментари за Стојковски.
Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории и сите се пријавени во системот на РФМ. Покрај задолжителните пионерски категории, Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА