Севилја по разделбата со Бону, ќе го ангажира Ливаковиќ

Хрватскиот репрезентативен голман, Доминик Ливаковиќ е пред трансфер во ппанскиот прволигаш Севилја.

Севилја е пред продажба на голманот Јасмин Бону во Ал-Хилал во Саудиска Арабија а како негова замена веќе го фокусираше Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб.

Ливаковиќ е прва опција за раководството на Севилја како замена за Бону.

Хрватскиот голман има клаузула која му дозволува да замине за 10 милиони евра од Динамо Загреб. Ако Динамо биде елиминиран од АЕК во квалификациите за Лигата на шампионите, тогаш со сигурност Ливаковиќ ќе биде продаден на Севилја.

Се вчитува...