Партизан со ново топ-засилување од НБА-лигата

АБА-шампионот Пaртизан успеа да доведе уште едно квалитетно засилување од НБА-лигата откако вечерва беше потпишан договор со Френк Камински. Станува збор за 30-годишен центар кој во 2015 беше деветти пик на НБА-драфтот, избран од тимот на Шарлот. Тој најдобрите денови во НБА ги мина токму во Шарлот, по што настапуваше и за Хјустон, Феникс и Атланта, но во последните неколку сезони значително му се намалија и минутажата и статистичките податоци.

Тоа беше причина Камински летово да се реши да дојде во Европа, на маса имаше и понуда од Макаби, но по долги разговори на крајот реши да потпише договор со Партизан. „Црно-белите“ неодамна го доведоа Доузер од НБА-лигата како замена за Егзум, а Камински би требало да биде стартен центар кај тренерот Обрадовиќ, заземајќи го местото на Лесор.

Тој е четвртото засилувње на „црно-белите“ оваа сезона, по Доузер (Сакраменто), Понитка (Панатинаикос) и Јарамаз (Баерн Минхен). Нови договори потпишаа Пантер, Ледеј, Нанели, Аврамовиќ и Копривица, додека од редовите на Партизан летово си заминаа Лесор (Панатинаикос), Мадар (Фенербахче), Егзум (Далас) и Папапетру (Панатинаикос).

Се вчитува...