Боно и официјално на голот на Ал-Хилал

Само еден ден откако го играше и го загуби натпреварот од УЕФА Супер-Купот против Манчестер Сити, досегашниот голман на Севилја Јасин Боно стана нов чувар на мрежата на Ал-Хилал, и им се приклучи на Нејмар и на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во овој тим.

Мароканецот кој имаше одличен Мундијал, беше на мета на неколку клубови, но на крајот се реши да оди во Саудиска Арабија.

За него беа заинтерисирани и Баерн Минхен и Реал Мадрид, меѓутоа на крајот парите преовладаа во одлуката да се пресели во Саудиска Арабија.

Се вчитува...