Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ќе се соочи со Јапонија од 20 часот на стартот од 47-то издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка”.
Од денеска па до недела, во салата “Борис Трајковски” во Скопје ќе гостуваат Египет, Јапонија и Грција, а интерконтиненталниот карактер на турнирот македонските одбојкари ќе го искористат за подготовка за Европското првенство кое од 30. август до 6. септември ќе се одржува во Скопје.
Влезот за турнирот “Чајка” ќе биде слободен.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
17.30 ч. Грција – Египет
20.15 ч. МАКЕДОНИЈА – Јапонија
Сабота (19. август)
17.30 Јапонија – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет
Недела (20. август)
17.30 Египет – Јапонија
20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА