Ливерпул и официјално го промовираше јапонскиот интернационалец Ватару Ендо, како засилување во средниот ред на тимот. За него „црвените“ ќе платат 21 милиони фунти, вклучувајќи ги и бонусите. 30-годишниот Јапонец потпишал на четири години. Тој е третото засилување за Ливерпул после Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи.
Трансферот е изненадувачки, со оглед дека претходно Ливерпул преговараше за Моисес Каиседо и за Ромело Лавија, но двајцата на крајот се одлучија за трансфери во Челси.
Клоп имаше голема потреба од дефанзивец во средниот ред по заминувањето на Фабињо, Кеита и Хендерсон. Тој ќе игра во дресот на Ливерпул со број 3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА