Најтрофејниот македонски фудбалски клуб со два минимални порази од АП Брера и Шкупи ја стартуваше својата повратничка сезона во ПМФЛ.
Викендов „црвено-црните“ шанса за први бодови ќе ја бараат во Охрид каде ќе му гостуваат на дебитантот Воска спорт.
Еден од најискусните во тимот Ненад Мишковски вели дека Вардар на секој натпревар мора да оди на победа.
„Обврска на Вардар е да оди на победа на секој меч, така ќе биде и во Охрид. Работиме добро, атмосферата и заедништвото е на високо ниво, и покрај негативниот старт на сезоната. Веруваме во себе, среќата не не посака на првите два меча но напредуваме, на секој следен меч ќе растеме како екипа, а со тоа ќе дојдат и победите. Ги повикуваме нашите навивачи Комитите, да дојдат во Охрид и да не бодрат како што тоа го правеа до сега“ – изјави Мишковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

