Александар Бајевски повеќе не е спортски директор на Вардар откако реши самиот да се повлече од оваа функција. Поранешниот голгетер на „црвено-црните“ во последните години беше дел од управата во периодот во кој најтрофејниот клуб се соочуваше со најголемите проблеми во својата историја.
Сепак, Бајевски реши сега да се повлече, преку објава на фејсбук потврдувајќи дека во иднина нема да биде дел од управата на „црвено-црните“.
„Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата Вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар. Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко и што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во “невозможната цел” да се врати таму каде што припаѓа. Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во.некои подобри времиња…
НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ!“, порача Александар Бајевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

