Одбојкарите лесно преслушани од Јапонија (фотогалерија)

Одбојкарската репрезентација на Македонија е далеку од посакуваната форма на десетина дена пред почетокот на Европското првенство во Скопје, откако нашиот национален тим вечерва лесно и убедливо загуби од Јапонија со 0-3 во сетови, во рамките од првото коло од турнирот „Чајка“ што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

„Црвено-жолтите“ не успеаја да влезат во посакуваниот ритам, му дозволија на противникот да го контролира темпото на мечот и резултатот, па Јапонците со одлично издание стигнаа до максимална победа. Првиот сет заврши со триумф на противникот од 20-25, а Јапонија уште полесно стигна до водство од 0-2 добивајќи го вториот со 18-25.

Најнеизвесно беше во третиот, кога по серијата добри сервиси на Љафтов намаливме на 20-21, крајот разликата се движеше меѓу еден и два поени, за Јапонија да слави со конечни 22-25.

Нашите одбојкари ќе имаат можност за поправен веќе утре, како во рамките од второто коло од турнирот „Чајка“ ќе се сретнат со селекцијата на Египет.

Се вчитува...