Буфон откри кој е најдобриот голман на сите времиња

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон не мисли дека е најдобриот во историјата на фудбалот. 45-годишниот Италијанец летово ја заврши професионалната кариера во Парма, која траеше од 1995 година.

„Им благодарам на луѓето кои мислат дека сум најдобриот голман на сите времиња, но не сум. Така мислат затоа што јас издржав долго време. Сепак, за мене најдобриот голман на сите времиња доаѓа од Шпанија и се вика Икер Касилјас. Играше за најголемиот клуб во Европа и освои се и во клубот и во репрезентацијата“, изјави Буфон.

Италијанецот израсна во Парма, од каде во 2001 година се пресели во Јувентус, со кого, меѓу другото, десет пати беше шампион на Италија. Во дресот на клубот од Торино помина 17 години, а во 2019 година потпиша за ПСЖ. Тој се врати во Парма од Париз во летото 2021 година, каде ја заврши кариерата.

Се вчитува...