Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре ќе и гостува на Воска во натпревар меѓу два од трите тима кои по две кола се уште немаат освоено бод во ПМФЛ.
Тренерот на охриаѓни, Миљан Радовиќ пред дуелот вели дека иако Вардар е големо име, неговиот тим ќе оди на победа на овој меч.
„Многу важен натпревар за нас, после двата порази, иако навистина одигравме добро на двата меча, но резултатски не поминавме добро. Јас заедно со мојот штаб верувам во овие момци, во нашиот тим, мислам дека можеме да направиме добар резултат, да го победиме Вардар, иако знаеме дека Вардар е големо име во Македонија. Повторно ќе кажам, не е лесно да се игра по два порази, но ние сме способни и подготвени за такво нешто, така да максимално подготвени и со голем оптимизам ја очекуваме оваа средба“, изјави .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА