Шпанецот Алваро Мартин го освои првиот златен медал на Светското првенство во атлетика кое од денеска се одржува во Будимпешта.
Мартин триумфираше на трката во дисциплината 20 километри брзо одење со време од 1:17:32 час што претставува најдобар резултат во светот сезонава.
Сребрениот медал му припадна на Швеѓанецот Персеус Карлстрем, а бронзениот медал отиде кај Бразилецот Каио Бонфим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА