Мастерс-турнирот во Синсинати ќе има спекткакуларна завршница откако место во големото финале обезбедија двајцата најдобри тенисери во моментов, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Еден месец по извонредното финале на Вимблдон што го доби Шпанецот со 3-2 во сетови, Ѓоковиќ ќе има можност да се одмазди и во победнички ритам да влезе на претстојниот УС Опен.
Српскиот тенисер за противник синоќа го имаше Алекс Зверев, кого по голема борба сепак успеа да го добие со 2-0 во сетови. Зверев не искористи три брејк топки на самиот почеток, по што Ѓоковиќ стана далеку посигурен на свој сервис и во тајбрејк го доби првиот сет со 7-5. Израмнет тенис се играше и во вториот сет, Ѓоковиќ отвори со брејк и набрзина поведе со 2-0, но Зверев успеа набрзо да се врати. Сепак, Новак стигна до нов брејк во 11. гејм, по што на свој сервис ја запечати победата изразена со конечните 7-6, 7-5.
Во големото финале ќе се сретне со првиот носител Алкараз, кој повторно мораше да игра три сета, и тоа откако по првиот се најде во негатива. Хуркаш делуваше моќно во првиот сет против шпанскиот ас добивајќи го со 6-2, но Алкараз најпрвин го доби вториот сет во тајбрејк, а потоа во третиот целосно го скрши отпорот на противникот и славеше со конечни 3-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА