Динамо Загреб шокантно беше елиминиран од квалификациите за Лигата на Шампионите со гол примен во 100. минута од Диомагој Вида, а неколку часа подоцна пристигна уште една лоша вест за хрватскиот првак.
УЕФА изрече дел од казната за „модрите“, забранувајќи навивачите на Динамо Загреб воопшто да се појават на стадионите ширум Европа каде овој тим ќе гостува оваа натпреварувачка сезона. Причината е добро позната, хаосот што го создадоа навивачите на Динамо со фановите на АЕК, во кој животот го загуби едно лице.
„Според процнката на УЕФА, сите натпревари на кои би можеле да учествуваат гостински навивачи на Динамо Загреб се сметаат за високоризички, што за жал беше потврдено со исклучитечно тешкиот инцидент во Атина. Со цел истото да биде спречено во иднина, донесена е одлука за забрана на патување на навивачите на Динамо на европските средби до крајот на оваа сезона“, објави УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА