Гачевски им одржа мотивациски говор на соиграчите пред денешниот дуел со Воска (ВИДЕО)

Вардар во исклучително тежок период, по оставките на тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски, денеска од 17 часот го очекува гостувањето во Охрид против Воска спорт во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Од вчера „вардарци“ се во карантин во Охрид во очекување на денешната пресметка. Вчерашниот тренинг започна со говорот на голманот Филип Гачевски, кој ги повика соиграчите на максимален ангажман на дуелот со Воска во желбата со успех да се затвори овој тежок период, како мотив за сите следни предизвици.

“Сите знаеме што ни се случува, но утре ќе победи менталитетот. Утре мора да победиме!” – истакна Гачевски во својата порака до соиграчите.

Вардар, по оставката на Грнчаров, ќе биде предводен од Бобан Бабунски а во подготовка на тимот овој период ќе помага и Ѓоко Хаџиевски.

ПРВА ЛИГА – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА – ВАРДАР
УТРЕ (17 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

Се вчитува...