Бруно Фернандеш бара извинување од судиите на дербито со Тотенхем

Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз сезонава откако „црвените ѓаволи“ загубија со 2-0 на гостувањето против Тотенхем. Факт е дека гостите од Манчестер одиграа под своите можности, но капитенот Бруно Фернандеш проблемот не го гледа во својот тим, туку кај судиите.

Португалецот побара јавно извинување за недосудениот пенал кога топката по ударот на Гарначо заврши во раката на Ромеро, но ниту главниот судија ниту ВАР арбитрите не се огласија за да биде покажано на белата точка.

„Мислам дека е дојдено време и судиите да даваат интервјуа по натпреварите, да објаснат некои работи, зошто донеле одредени одлуки. Затоа што она беше чист пенал, шут, топката оди кон голот, противникот ја удира со рака, не постои начин тоа да не биде пенал. Многу сакам да бидам дали сега ќе се направи онаква фама како по нашиот меч со Вулверхемптон. Мислам дека и судијата треба да дојде и јавно да ни се извини, како што тоа беше направено минатата седмица“, прокоментира Бруно Фернандеш.

Се вчитува...