Вардар го доживеа и третиот пораз во третото коло од Првата македонска фудбалска лига, останувајќи заедно со Гостивар единствена екипа без освоен бод на стартот од новата сезона во елитното друштво.
Црвено-црните загубија денеска со 3-2 на гостувањето против Воска спорт во Охрид. Имаа негатива „вардарци“ и од 3-0, а со два гола во финишот само го ублажија поразо.
Мала утеха за Вардар е и тоа што Дарко Глишиќ го постигна најубавиот гол на мечот. Во 83. минута Глишиќ погоди директно од слободен удар за 3-1, а потоа Цветановски во третата минута од судиското продолжение успеа само да го ублажи поразот за конечни 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

