Вест Хем, и со играч помалку, триумфално против Челси (ВИДЕО)

Вест Хем со лекција за Челси во втората рунда натпревари од новата сезона во Премиерлигата.

По ремито со Ливерпул на домашен терен на отворањето на сезоната, Челси сега со пораз од 3-1 на гостувањето против Вест Хем, во меч во кој домашните последниот половина час го играа и со играч помалку.

Агуерд уште во 7. минута донесе предност за Вест Хем, но Челси израмни во 28. минута со голот на Чуквуемека.

Во вториот дел, Вест Хем поведе во 53. минута преку Антонио, а од 67. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на стрелецот Агуерд.

Во самиот финиш, во 95. минута гол од пенал на Пакета за конечна победа на Вест Хем од 3-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...