Работнички ја запиша и втората победа на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Во крајно израмнет, цврст, натпревар „романтичарите“, на крај, заслужено дојдоа до победата против Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
А, најзаслужен за новите три бода капитенот Крсте Велкоски со извонредниот погодок директно од слободен удар. Токму тој индивидуален квалитет го реши натпреварот во корист на тимот од Дебар маало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

































