Игор Стојчевски ќе му суди на Жалгирис, Марковиќ патува за Франција

Младиот македонски судија, интернационалецот Игор Стојчевски, кој чекор по чекор се пробива на меѓународната сцена, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одрен за главен судија на мечот од плејофот во Конференциската лига меѓу Жалгирис од Литванија и унгарскиот шампион Ференцварош кој ќе се одигра во Вилнус на 24. август. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Куштрим Лика, четврти судија ќе биде Јован Качевски.

Пред три недели Стојчевски беше главен судија исто така во Конференциската лига  меѓу Пјуник од Ерменија и Калмар од Шведска.

Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампионите ја елиминира Струга Трим Љум со 2-1 и 0-0. Ференцварош во квалификациите за Лигата на шампиони  беше сензационално елиминиран од првакот на Фарски Острови.

Ќе патува и Комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ , Роберт Марковиќ кој ќе се грижи за безбедноста на  натпреварот во плејофот од Конференциската лига меѓу францускиот клуб Лил и Ријека кој се игра на 24. август. Пред три недели во Солун, Марковиќ беше задолжен за безбедноста на средбата меѓу Арис и Динамо Киев.

/М.М/

Се вчитува...