Неверојатен шок: И ја донесе светската титула на Шпанија, па веднаш по мечот дозна дека починал татко и

Олга Кармона доживеа вистински животен „бродолом“ само моменти откако и ја донесе на Шпанија светската фудбалска титула постигнувајќи го единствениот погодок за победа од 1-0 против Англија во финалето на Светското првенство.

Веднаш по мечот и било кажано дека нејзиниот татко починал веднаш по натпреварот против Англија. За сето тоа веднаш по финалето преку социјалните мрежи информираше и Шпанската фудбалска федерација.

„Фудбалерката ја дозна тажната вест по финалето на Светското првенство. Ги испраќаме нашите најискрени прегратки до Олга и нејзиното семејство во момент на длабока болка. Те сакаме, Олга, ти си засекогаш во историјата на шпанскиот фудбал“ – соопштија од Шпанската федерација.

А, 23-годишната Кармона претходно го прослави голот откривајќи порака на нејзината маица на која пишуваше „Мерчи“, за која рече дека е почит кон пријателка чија мајка претходно починала.

Се вчитува...