Манчестер Сити е многу блиску до потпис со белгиското десно крило Џереми Доку од Рен. Станува збор за брзоног играч кој игра на страничните позиции, а би требало да дојде како замена за Ријад Марез кој замина во Саудиска Арабија.
Иако неговата вредност е далеку помала, Сити ќе му плати на францускиот клуб помеѓу 55 и 60 милиони евра. Покрај Сити, овој играч е баран и од Вест Хем, но англискиот и европскиот првак е во предност за неговиот потпис.
Доку пред Рен играше за Андерлехт, а за репрезентацијата на Белгија има 14 настапи и постигна два гола. Во дресот на Рен одигра 92 меча и постигна 12 гола, и 10 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

