Челси нема намера да застане со ангажман на засилувања ова лето. Лондонскиот тим наводно започнал преговори со фудбалерот на Арсенал, Фоларин Балогун. На „Стемфорд Бриџ“ во Балогун гледаат како замена за Нкунку, кој долго време ќе биде надвор од терените поради повреда.
Челси не е единствениот клуб кој има интерес за Балогун. Го бараат Интер, Монако и Фулам. Сепак, високата цена од 50 милиони евра засега ги „брка“ заинтересираните.
Сепак, Челси е подготвен и понатаму сериозно да троши, и нема да се двоумат за сумата која ја бараат „топчиите“, без оглед на тоа што потрошија над 350 милиони евра на нови играчи летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

