Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал е следното големо име кое може да се пресели во Саудиска Арабија. Неколку клубови од таа земја се интересираат за Французинот, кој што не е првиот избор на Ерик Тен Хаг, и затоа во блиска иднина може да го напушти клубот.
Интерес за 27-годишниот француски фудбалер има и од Вест Хем. „Чеканите“, сепак, не може да се мерат со финансиската моќ на клубовите од Саудиска Арабија. Затоа шансата да замине во Лондон е минимална.
Марсијал се пресели на „Олд Трафорд“ во 2015 година од Монако, но не успеа да се докаже во клубот. Има 299 меча, 88 гола и 53 асистенции. Минатата сезона одигра 29 меча.
Речиси секој преоден рок е пред заминување, но секгоаш на крајот остануваше во Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

