И покрај ангажманот на Андре Онана од Интер, Манчестер Јунајтед има намера да ангажира уште еден голман, како конкуренција за Камерунецот, но и поради долгата сезона во Премиерлигата.
Затоа Јунајтед му „фрли око“ на чуварот на мрежата на Бенфика, Одисеас Влаходимос. Наводно двете страни веќе почнале преговори, а Бенфика веќе ги информирал челниците на „Црвените ѓаволи“ за условите по кои може да го добие потписот на Влаходимос.
Влаходимос е роден во Германија, настапуваше за помладите селекции на „елфот“, но потоа се одлучи да го чува голот на Грција. Инаку за него има интерес и од Баерн Минхен, со оглед дека зборува германски јазик и нема да биде скап – околу 10 милиони евра.
Влаходимос е пред заминување од Бенфика, затоа што португалскиот тим веќе го ангажираше Анатоли Трубин, украинскиот голман од Шахтјор Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

