Дополнителен хендикеп за Струга ТЛ: Радески изнесен на носилки

Фудбалерот на Струга ТЛ Марјан Радески поради црвениот картон на мечот со Есперанж во реваншот во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, нема да игра на првиот меч против Бреидаблик во плеј-офот во ова натпреварување. Дополнителен хендикеп за него и за екипата на Струга ТЛ претставува и фактот што на денешниот меч со Брера, крилниот офанзивен фудбалер мораше предвреме да го напушти теренот.

Во 71. минута доби удар во главата, по што легна на тревата. Не можеше да продолжи, а лекарскиот тим на домашниот тим одлучи тој да го напушти теренот и да биде пренесен на дополнителни прегледи.

Во следните денови ќе се знае тежината на повредата на Радески, а неговото евентуално отсуство во следните натпревари за Струга ТЛ ќе преставува голем хендикеп за шампионот.

Се вчитува...