ПСЖ одреди луда цена за Мбапе, Реал дефинитивно нема да ја плати

Килијан Мбапе почна да игра за ПСЖ, го постигна и првиот гол сезонава, но не стивнуваат шпекулациите околу иднината на францускиот голгетер. Неговиот став е јасен – тој нема намера да потпише нов договор со клубот, а следното лето е слободен играч, со што се зголемува притисокот врз ПСЖ за да го продаде до крајот на месецов.

Француските медиуми тврдат дека челниците на ПСЖ немаат намера поради ваквата ситуација да ја спуштат цената, па упорно инсистираат на отштета од 250 милиони евра за играчот кого го сметаат за најдобар на денешницата во светскиот фудбал. „Светците“ се изненадени што Реал Мадрид не почнува преговори, но во секој случај испратиле порака преку агентот на Мбапе, Флорентино Перез да не се надева на попуст за голгетерот.

Повеќе од јасно е дека челниците на Реал Мадрид немаат намера да платат толкаво богатство за играч што за 12 месеци можат да го донесат без никаква отштета и со кого начелно имаат постигнато и преддоговор за трансфер во 2024. Шпанските медиуми вчера најавија дека Флорентино Перез ќе чека до 31 август, кога ќе испрати „земи или остави понуда“ до ПСЖ во висина од 120 милиони евра.

Дефинитивно, за крајот на оваа сага ќе мораме да почекаме уште најмалку десет дена…

Се вчитува...