Чест за легендата: Тиери Анри ќе биде селектор на Франција на ОИ во Париз

Француската Фудбалска Федерација му укажа исклучителна чест, но и обврска на Тиери Анри, именувајќи го легендарниот голгетер за нов селектор на младинската репрезентација на „триколорите“. Покрај ангажманот како селектор на младинците, Анри воедно ќе биде и предводник на францускиот национален тим на Олимписките Игри што следното лето ќе се одржат во Париз.

Французите неодамна го сменија Силван Рипол, кој ја плати цената за слабите резултати на младинската селекција во последната година. Како негов наследник се споменуваа неколку фудбалски легенди, но на крајот изборот падна врз Анри, асот што освои се што можеше да се освои како играч со „триколорите“.

Ова воедно е нова шанса за Анри да ја воскресне својата тренерска кариера откако не се прослави при последните два ангажмани, како шеф на стручниот штаб на Монако и на Монтреал.

Се вчитува...