Почина легендарниот руски кошаркар Сергеј Бабков

Светот на кошарката денеска е завиен во црно откако животот го загуби легендарниот руски кошаркар, Сергеј Бабков, кој почина на 56-годишна возраст.

Бабков важеше за еден од најдобрите руски кошаркари во девеесеттите години од минатиот век, освојувајќи сребрени медали со „зборнаја“ на мундијалите во 1994 и во 1998 година. Тој беше најдобар стрелец на Русија во финалето во 1994 година, против американскиот дрим-тим.

На 21-годишна возраст, во само втората сезона како професионален кошаркар тој беше најдобар стрелец на германското првенство бранејќи ги боите на Трир во сезоната 1993/94. Потоа се пресели во Шпанија, каде настапуваше за Уникаха Малага и за Хувентуд, во 2000 година се врати во татковината и по една сезона мината во Новосибирск ја заврши професионалната кариера.

Се вчитува...