Крената забраната за трансфери: Еуро Никел потпиша двајца странци

Еуро Никел дефинитивно ги остава зад себе проблемите од изминатиот месец, па кавадаречкиот клуб успева да се консолидира. Прв чекор беше кревање на забраната за трансфери од ФИБА, а откако беше постигната спогодба со екс-репрезентативецот Предраг Самарџиски сега и тој проблем е отстранет.

Веднаш потоа Еуро Никел успеа да донесе и две засилувања од странство кои без проблем ќе бидат регистрирани, и тоа Џексон Дубински и Мек Смит. Дубински е добро познат на кавадаречката спортска јавност, станува збор за американски плејмејкер кој  со успех ги бранеше боите на Еуро Никел пред неколку сезони, тој ја мина ланската сезона во Грција, а сега донесе одлука да се врати во мак-баскетот.

Смит настапува на позициите два и три, тој ланската сезона беше дел од Академија ФМП, а добрите игри за скопскиот клуб беа препорака за негов трансфер во Еуро Никел.

Кавадарчани претходно го потпишаа и Стефан Глигоријевиќ од Куманово, нови договори имаат и Соколов, Караколев и Младеновиќ, а шанса ќе им биде дадена и на младите Тоше Златев, Никола Бојчев и Андреј Чадамов.

Се вчитува...