Милан имаше предност од 0-2 по првото полувреме на гостувањето против Болоња, а „росонерите“ изненадувачки по последниот судиски свиреж воопшто не се упатија кон својата соблекувална.
Наместо тоа, гостите останаа на клупата за резерви собирајќи се околу тренерот Пиоли за да ги слушнат неговите совети за вторите 45 минути додека навивачите изненадено следеа што се случува.
Наскоро стигна и објаснувањето – „росонерите“ не сакале да се вратат во соблекувалната бидејќи таму била расипана климата, па гтемпературата биле неподносливо висока. Тие се пожалиле веднаш по доаѓањето на стадионот, но откако им било кажано дека проблемот нема да може да биде саниран гостинските тренери и фудбалери решиле воопшто да не се враќаат до крајот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА