Искусниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи не е во плановите на Јувентус за новата сезона. Торинскиот клуб му дозволи да си оди, па тој со 36 години пред реализација на изненадувачки трансфер во Унион Берлин кој се избори за настап во Лигата на шампионите по минатогодишната фантастична сезона.
Унион Берлин му нуди едногодишен договор на 36-годишниот Бонучи. Германците чекаат одговор до понеделник од Боничи кој се уште размислувал дали да ја прифати понудата.
Бонучи од Бари за 15,5 милиони евра летото 2010 година пристигна во Јувентус со кој тим освои осум шампионски титули во Италија. Договорот со Јувентус му завршува во јуни 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА