Пред една година бранеше за Чукарички, а сега српскиот голман Петровиќ потпишува за Челси!

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ќe го засили лондонски Челси на крајот на актуелниот летен трансфер период.

Фабрицио Романо пренесува дека „сините“ постигнале веќе вербален договор со 23-годишниот голман кој во моментов брани за Њу Ингланд од МЛС лигата. Петровиќ во Челси би се преселил за сума од околу 16 милиони евра.

Петровиќ пред само една година бранеше за Чукарички во српскиот шампионат, од каде се пресели во МЛС лигата, а сега е пред трансфер на соништата во лондонски Челси. Србинот утре се очекува да ги мине лекарските прегледи пред официјалното потпишување на договорот.

Се вчитува...