Александар Васоски е изборот на управата на Вардар за нов предводник на „црвено-црните“, откако во текот на минатиот викенд беше прекината соработката со досегашниот тренер Бобан Грнчаров.
Експериментот со Бабунски и Хаџиевски на дуелот со Воска не вроди со плод, „црвено-црните“ го претрпеа и третиот пораз во низа, по што е јасно дека мора експресно да се реагира. Преговорите меѓу управата и Васоски не траеле многу долго, експресно бил најден заеднички јазик и поранешниот македонски репрезентативец ќе се врати назад на кормилото на најтрофејниот македонски клуб, каде се наоѓаше до 2020 година.
Се очекува нова улога во Вардар да добие и легендарниот тренер на „црвено-црните“, Ѓоко Хаџиевски. Тој ја прифатил функцијата спортски директор што досега му припаѓаше на Алексадар Бајевски, па заедно со промоцијата на Бајевски би требало да биде официјализирано и враќањето на Хаџиевски во „црвено-црното семејство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

